Официјално понеделник, 15. јануари е прогласен за најдепресивниот ден во годината кој инаку се нарекува „Син понеделник“. Обично тоа е третиот понеделник од почетокот на годината. Датумот е „одреден“ од страна на психологот Клиф Арнал. Причините за депресијата се целосно објективни. Досега сите сме си ги прекршиле нашите новогодишни ветувања за промени. Телото ни е изморено од декемвриско – јануарските гозби, а паричниците ни е страв и да ги отвориме. Освен тоа, утрата се многу мрачни, а сонцето кое и онака излегува подоцна, потоа тешко се пробива низ облаците, поради што имаме недостиг од витамин Д. Експертите секоја година на овој ден стравуваат дека би можел да се зголеми бројот на самоубиства, па редовно ги советуваат луѓето што би требало да направат за да се чувствуваат подобро, иако и официјално и неофицијално не им е до ништо. Убави мисли Иако можеби ви делува невозможно, пронајдете три работи во својот живот на кои треба да се радувата. Психолозите дури советува...